Фудбалерите на Борусија Дортмунд по третпат во својата историја ќе играат во финалето на Лигата на шампионите.
По 1:0 во Дортмунд, германскиот тим победи против ПСЖ во Париз со истиот резултат во вториот натпревар од полуфиналето.
Стрелец на единствениот гол во реваншот беше дефанзивецот Матс Хумелс во 50. минута.
Во финалето Борусија го чека подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Баерн. Првиот натпревар во Минхен заврши 2:2.
Борусија Дортмунд по трет пат во својата историја се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. Таа за прв пат играше во финалето во 1997 година, кога го освои единствениот трофеј. Таа година во финалето го победија Јувентус со 3:1.
Вториот пат Борусија играше финале во 2013 година, а домаќин на финалето како и оваа година беше Вембли. По тој повод Баерн со 2:1 го победи клубот од Дортмунд.
Денеска на Сантијаго Бернабеу ќе се одигра реваншот од полуфиналето помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. Натпреварот започнува во 21:00 часот.