Apple моментално е во фаза на истражување, а она што тие сакаат да го создадат е звучник што може да се носи, кој би користел насоченa аудио технологија за да може корисникот јасно да го слушне звукот, но не и некој друг. Apple го нарече овој патент „уред што може да се носи со насочен звук“ и наликува на значките од Star Trek.
Уредот би користел насочени звучни бранови така што само корисникот би го слушал звукот, што значи дека уредот би требало да може да се носи и според илустрациите на Apple, најверојатно прикачен на облеката. Звукот на тој начин би патувал воздушно и во дадена насока до ушите на корисникот, а не околу нив, објаснува Apple Insider.
Сепак, начинот на носење на уредот е видлив само на илустрацијата, а не и во описот на патентот, истакнува Apple Insider. Apple моментално истражува како да го „присили“ уредот да пренесува звук само на корисникот, кој ќе обезбеди приватност и без слушалки.
Apple сака да ја намали потребата за слушалки бидејќи тие можат да „се мешаат во способноста на корисникот да ги слуша околните звуци или да комуницира со други луѓе во исто време“.
Apple, исто така, додава дека уредот може да вклучува микрофон, врски со други уреди за лесно користење или сензори дизајнирани да ги следат карактеристиките на корисникот за да се обезбеди соодветно корисничко искуство.