Во напад врз болница во југозападна Кина, повеќе од десет лица се убиени или ранети, јавуваат државните медиуми, кои не ја прецизираа природата на нападот.
– Инцидентот се случил во локална болница и од 13 часот и 20 минути по локално време – пренесе државната новинска агенција Ксинхуа.
Нападот се случил во округот Женгксионг во североисточниот дел на југозападната провинција Јунан и истрагата е во тек.
Масовните насилни злосторства се ретки во Кина, која строго им забранува на граѓаните да поседуваат огнено оружје.