Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода (Пролет) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ.
„Беа коректни, ми кажаа дека го води Единицата за насилен криминал, тоа значи дека сум направил некакво насилство односно дека сум загрозил безбедност. Јас имам информации дека лицето Зоран Милевски-Кичеец ме пријавило поради моите јавни настапи, дека сум му ја загрозил безбедноста. Ова го чувствувам за директен притисок и обид за цензура од страна на засегнатите лица во врска со мојот настап кај „Лазаров“!“, објави Бојан Јовановски.
Јовановски претходно вчера објави дека веќе неколку дена е цел на закани и притисоци со цел да го откаже второ гостување на поткастот.