За Гордана Силјановска Давкова на овие избори поважна од етничката определба е опозициската определба, која вели, постои не само на страната на партиите во кои доминираат македонски гласачи, туку и во рамките на албанските партии.
На соочувањето на Канал 5 ТВ го повтори ставот дека цензусот од 40 проценти е антиевропски бидејќи доведува до политички пазарења и уцени.
– Антиевропска замка е овој изборен праг од 40 проценти и веќе неколку пати ме опоменуваат оние кои на патот кон евроинтеграциите ќе ги испитуваат не само законите, туку и однесувањата, дека треба да го тргнеме овој изборен праг бидејќи тој апсолутно не обединува, напротив разединува односно доведува до политички пазари, уцени кои се закануваат по граѓанскиот глас да биде супституиран. Слушаме деновиве за притисоци особено во една населба што навистина не е добро. Она што јас мислам дека оди во мој прилог е тоа што секогаш луѓето кои не се определуваат, особено во вакви средини, во вториот круг попрво гласаат за оној кој има поголема разлика во гласовите, а јас таква имам, потенцира Силјановска.
Таа потсети и на изјавата на лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски кој јавно обзнани дека ќе го даде својот глас за нејзе и очекува тоа да инспирира и други од неговата партија да гласаат за неа.