Ковачевски: Како што Делчев не се откажал, така и ние нема да се откажеме од нашата борба

Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите, рече лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој денеска се поклони на гробот на Гоце Делчев.

– Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото.

Неговата борба за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици.

Нашата борба денеска, повеќе од еден век подоцна, е за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, држава со европски животен стандард и европски вредности.

Како што Делчев и Илинденците не се откажале од нивната борба, така и ние не треба да се откажеме од нашата борба за подобра Македонија за нашите деца и внуци.

Само ако успееме да изградиме почитувана, достоинствена и просперитетна држава ќе ја заслужиме почитта на следните генерации, рече Ковачевски.