Димитриевски индиректно рече дека ќе гласа за Силјановска Давкова

Индиректно, лидерот на ЗНАМ – Максим Димитриевски најави дека во вториот круг на претседателскиот избори лично ќе го даде својот глас за Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседател на Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе гласам на претседателските избори, нема да го чкртнам ливчето. Јас веќе се извинив за мојата претходна поддршка за Пендаровски. Немам морално и етичко право јас да барам од гласачите кои мене ме поддржале кого да поддржат“ – рече лидерот на ЗНАМ.

„Јас им се извинив на граѓаните уште во јуни 2022 година за мојот ангажман како дел од поддршката на Стево Пендаорвски и сигурно тој нема да ја добие мојата поддршка… Нема да имам неважечко ливче, апсолутно ќе гласам, нема да оставам мојот глас да пропадне“ – порача Димитриевски.