Драматично во Тексас: Поради поплавите затворени училишта и патишта, властите повикаа на евакуација

Се предвидува дека поплавите ќе се влошат денеска во Хјустон, Тексас, еден ден откако силното невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеорологот, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави, пренесе АП.

Во Хјустон во петокот околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качија на покривите на своите домови.

Локалните власти објавија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

Повеќе од 8 инчи дожд на квадратен метар падна во 24 часа од четврток до петок наутро во северното предградие на Хјустон Спринг, соопшти Националната метеоролошка служба.