ОЕЦД ја зголеми прогнозата за светскиот раст за 2024 година
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ги зголеми прогнозите за светскиот економски раст во 2024 година, особено благодарение на динамиката на закрепнување во САД.
Денеска ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2024 година на 3,1 отсто, додека според последната економска прогноза на организацијата од февруари таа изнесува 2,9 отсто.
„Внимателниот оптимизам почна да ја освојува глобалната економија“, се вели во кварталниот извештај на ОЕЦД, кој сепак укажува на големи разлики меѓу земјите.
За САД има зголемување на прогнозата за раст на 2,6 отсто во 2024 година, во споредба со претходно прогнозираните 2,1 отсто.
Прогнозата за еврозоната е благо зголемена, на 0,7 отсто, наспроти претходно очекуваните 0,6 отсто.