ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај.

Во услови на влошена економско-социјална положба на работниците, единствен гарант се само силни синдикати. Независни цврсти, добро организирани и меѓусебно координирани синдикати можат да ги штитат и унапредуваат правата на работниците.

„Слабо платените работници и други работоспособни граѓани ја напуштаат Македонија. Ваквата состојба е резултат на вкупните лоши политики и негрижата на власта и работодавците кон тие што работат и создаваат нови вредности. Демократскиот сојуз е прва партија која во МакедонскиотПарламент предложи минимална плата, како што предлагаме и дефинирање на минимална пензија. Повеќе од јасно е дека е неопходен системски пристап и вреднување на трудот на секој вработен, но без реформи и борба против високата корупција состојбите нема да се променат“ велат од ДС.

Според Павле Трајанов: „НАРОДОТ НЕ МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ВЛАСТА МОЖЕ ДА УКРАДЕ”.