После првиот круг Претседателски избори се е поизвесно е дека победници на претстојните Парламентарни избори ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, токму помеѓу нив се кршат копјата кој ќе ја формира идната Влада на Северна Македонија.
Секојдневно, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски потенцира дека идната влада ќе ја формираа со албанската опозиција групирана во коалицијата „Вреди“, но секако ќе се согласиме дека тоа може да влијае и да ја ослабе албанската опозиција кај албанскиот електорат кој што би можело дополнително да гласа за албанскиот антипод на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ
После првиот круг на Претседателските избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните Парламентарни избори, Бујар Османи и Али Ахмети се гледаат како учесници во новата влада и секојдневно потенцираат дека мора да се почитува принципот за формирање на влада- победник со победник.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, потенцираат дека тој принцип го прекршија токму од ДУИ во 2016 година и да не очекуваат да не се применува истиот.
Ќе се потсетиме дека во 2016 година по мистериозен повик, наводно од Хојт Ли, до Али Ахмети беше откажано формирањето на тогашната влада на чело со Груевски, а од ВМРО-ДПМНЕ веќе имале нарачано торта за да се одржи прослава во Белата палата по повод победата на ВМРО-ДПМНЕ и покрај 11-те години режим, заробената држава, криминал и злодела, потврдени со тн „бомби на Заев“.
Мицкоски е првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција кој што не е фаворит на американците и затоа не би можело да се повтори 2006та година кога Груевски направи Влада со тогаш губитничката ДПА, која што на изборите имаше помалку пратеници од ДУИ.
Рушењето на Али Ахмети и ДУИ, се зборува, дека е проектот на германците и Албин Курти.
Видовме дека Ахмети е се уште битен за американците, а секако самиот се покажа како битен политички фактор вешт за владеење, политички маркетинг и пропаганда.
Ахмети, во своето политичко делување, перманентно внесува новини како на пример албанец за премиер и, сега, формирање на Европската коалиција со Курто Дудуш, за разлика од американскиот фаворит во македонскиот блок СДСМ, кој што коплетно разочара во секоја политичка смисла од кадровка политика до политички маркетинг.
Формирањето на ЗНАМ може да се толкува како обид да се повтори 2006та година , а секако лесно може да направи и подобар резулатат од НСДП на Тито Петковски, инициран директно од Бранко Црвенковски за да се сруши тогашната влада на Бучковски и спроведување на проектот за устоличување на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Последниве денови, сведоци сме на масовна преселба на кадрите на БЦ во ЗНАМ.
Секако треба да се потсетиме дека во 2006та година, Груевски беше технократскиот фаворит на американците спремен за решавање на проблемите од новите глобални предизвици во тоа време. Подоцна фаворитот Груевски, осилиен од изборните резултати во 2008 година и подршката што ја доби од македонската олигархија и длабока дражава се обиде да ги изигра неговите ментори и да не прифати промена на името на државата во Република Македонија(Скопје) за меѓународна употреба и непотребно влезе во процес на антиквизација и градење на режим. Ќе се согласиме дека крајниот исход за промена на името во Северна Македонија од страна на Заев и СДСМ е понеповолен, но пртеставува фактичка состојба.
Сведоци сме дека во кампањата на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините функционери во својата реторика и постапки го занемаруват одржувањето на духот на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс не се базиран на реални факти како тоа што го побараа од САД преку соопштение на Стејт департментот пред отпочнување на изборите.
Покрај Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Ковачки ја зајкна својата тврда реторика, како носител на листа во 3та изборна единица, а за кој што беше побарано од нашите сојузници до Мицкоски да биде пензиониран во политиката уште пред 3 години. Министерот за правда и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Кренар Лога во своето возвраќање кон Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, за обвинувањето дека поткупува гласачи во третата изборна единица потсети дека токму Ковачки е нереформиран кадар и нема можност за добивање безбедносен сертификат.
Веројатно фактурата за ваквиот јавен дискурс и непочитување на фактите од страна на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе пристигне веднаш после изборите, конкретно за непочитување на духот и фактите поврзани со Преспанскиот договор,а како да заборавија дека сме земја членка на НАТО.
Мицкоски и Ахмети со своите националистички реторики покрај тоа што обострано си го качуваат рејтингот, а тоа го потврди дека било базирано на меѓусебно барање и разбирање, на едно свое интервју Артан Груби, веројатно ќе мораат да ја формираат и новата влада со извесно брзо внесување на бугарите во уставот, а можно и да биде постигнат договор за избор на идниот претседател на државата во парламентот, сето тоа наспроти изборните ветувања на Мицкоски за непопустливост и враќање на гордоста на државата, наводно, во рацете на својот електорат.