Целта на Левица на овие избори да го „кутне“ ВМРО-ДПМНЕ под 50 пратеници, а СДСМ под 20 и конечно да ја пасивизираме СДСМ, изјави вечерва во Штип, претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Тој посочи дека целта им е и да освојат од осум до дванаесет пратеници, а како што рече, тоа се прогнозите и реалните очекувања на Левица.
„Она што го направивме на претседателските избори е очекуван резултат, како за првпат учествуваме и поддржавме независен кандидат, кој ни беше идеолошки близок. Но, на парламентарните почнуваме од нула и очекуваме солиден резултат, со којшто ќе овозможиме моќта на уценување конечно од албанските необалистички партии, да премине конечно во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот, наспроти сите антимакедонски сили, коишто сакаат да внесуваат и Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни Парламенти и да менуваат Устав, со којшто ќе се брише 20 проценти и ќе влегува друг официјален јазик“, рече Апасиев.