Барди стрелец во лудиот пресврт на Трабзонспор

Фудбалерите на Трабзонспор ја запишаа осумнаесеттата победа во турската Супер лига, откако со луд пресврт славеа дома против Газиантеп со 4-2.

Гостинот водеше со 0-2 на полувремето, ама потоа прими дури четири гола и убедливо загуби.

Македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди беше стрелец на погодокот за израмнување (2-2) во 65. минута, откако Онуачу му одложи топка на шеснаесетникот.

Уште еднаш Барди покажа каква техника поседува и без размислување ја испрати топката во гостинската мрежа.

Инаку, херој во победата на Трабзон беше токму Паул Онуачу, бидејќи даде хет-трик и запиша асистенција при погодокот на Барди.

На четири кола пред крајот на сезоната Трабзонспор е на добар пат да обезбеди место во Лигата на Европа бидејќи е третопласиран и има шест бода повеќе од Истанбул Башакшехир, а седум од Бешикташ.