„За да избереме претседател во вториот круг од Претеседателските избори ќе треба да еден од кандидатите да добие мнозинство од излезени 725.727 гласачи, односно повеќе од 40% од избирачите, како што е пропишано со уставот на Македонија.
Во овој момет толкав број на гласачи е невозможно да се постигне без албанските гласачи.
Македонските партии ги занемарија двете главни барања на албанската позиција и опозиција, за што Таравари пред некој ден изјави дека имало договор меѓу сите албански партии – да не влегуваат во влада која што нема да ги гарантира уставните измени и почеток на преговорите со ЕУ“.
Од крилото на Груби се слушаат можни најави за бојкот на Претседателските избори се со цел да се оставрат двете барања на албанските партии во пакет.
Ќе се согласам дека тоа е штетна идеја, но сосема легитимна за да се постигне целта.
Секако, резултатот од првиот круг на претседателските избори ги изненади сите, а најповеќе самиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски е можно после долги години конечно да стане премиер, но и конечно да мора да има конкретен став за конкретни прашања како што е внес бугарите во уставот, избор на претседател во собрание, но и дали е важечки Преспанскиот договор на пример.
Целата кампања за претседателските, но и парламентарните избори на Силјановска Давкова и ДПМНЕ е хаос од различни изјави на разни партиски функционери и кандидати, кои што кажуваат се и сешто, односно се што електоратот сака да чуе.
Прифаќање на барањата на алабанските партии и меѓународната заедница катастрофално ќе се одрази на рејтингот на Мицкоски и ДПМНЕ, кои што иако ветиле дека ќе пристапат кон промена на уставот, веројатно дека ќе се обидат да ги држата двете прашања во статус кво, како и Груевски во минатото за промента на името на Македонија во Северна Македонија,а сето со помош на олигархијата на Бранко Црвенковски.
И покрај поддршката на германскиот канцелар Олаф Шолц за владеачката СДСМ, претставници на тн германска длабока држава го туркат планот за да го направат Мицкоски премиер, а Сиљановска Давкова претседател.државата.
Германците сакаат да ги убедат западните центри на моќ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немат ништо против уставните измени за внес на бугарите во уставот на Македонија.
Во таа насока, пратеникот во германскиот парламент Питер Бејер, кој е од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ пред десетина дена на Сител рече дека со сигурност знае дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот. Предходно влијателни западни дипломати брифираа дека Мицкоски ветувал дека ќе ги внесе бугарите во уставот, но само од позиција на премиер.
На сето тоа се надоврза со своја прогноза за исходот на изборите, шефот на канцеларијата на германската Фондација Конрад Аденауер во Скопје, Даниел Браун со изјавата дека катастрофалниот биланс на владата во многу области ќе доведе до промена на власта во Северна Македонија. Тој објаснува за Дојче Веле дека сето тоа се склоп на работи кои што имаат многу негативно влијание, а доколку дојде до промена на власта, според него тоа не мора да значи дека земјата повеќе нема да има проевропски курс, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ никогаш не кажале дека не сакаат уставна промена за внес на бугарското малцинство.
Максим Димитриевски, претставник на македонската стату кво структура на македонската длабоката држава веќе ја состави идната влада, но да видиме дали „домашниот“есапот на Бранко Црвенковски и олигархијата ќе може да се ефектуири на „пазарот“?!?!
Секако дека во таа насока може да се гледа и посетата на Рикер на Македонија и неговите поединечни средби со Мицкоски и Ахмети со цел евентуално да го спои во овој момент неспоивото и идната влада на Македонија да ја состават ДУИ и ДПМНЕ и покрај фактот што го потенцираше Тимчо Муцунски дека Ахмети го прекршил принципот за состав на владата-победник со победник“, вели Александар Бежовски во најновата колумна.