Алкараз: Не сакам ниту да го замислам спортот без Надал
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз тргна на турнирот во Мадрид со победа над Шевченко од Украина.
Пред јавноста младиот Шпанец доби прашање за поискусниот колега Рафаел Надал, а за него зборуваше со многу епитети.
„Не сакам ниту да го замислам спортот без Надал. Како секој навивач на Рафа, на тенисот, никој не сака да ги замисли турнирите без него. Ако зборувам лично за себе, сакам да уживам во играта на Надал што е можно подолго. Знам дека сака да биде конкурентен, да биде натпреварувачки способен да победува. Секој пат кога ќе биде така, јас ќе бидам тука да уживам. Треба да гледаме на ситуацијата така, а не за тоа што ќе биде после. Треба да живееме во моментот“ – изјави Алкараз.
На Мастерсот во Мадрид во третата рунда Алкараз го очекува дуел со Тиаго Сејбот Вајлда од Бразил.