(Видео) Најава за Трилинг: Доаѓа ли крајот на СДСМ и ДУИ по резултатите од претседателските избори?
По изборните резултати од претседателските избори, Мицкоски најавува дека ова е само почеток на крајот на владеењето на СДСМ и ДУИ.
-Мора да се бара проблемот во СДСМ, односно во коалицијата. Позицијата покажа сервилност. Не може во молк, во изборен ден, да има пропаганда, вели Александар Новаковски, поранешен претседател на ДИК, во гостувањето на „Трилинг“.
Стејт департментот со жестоки критики во справувањето со корупцијата и криминалот, состојбите во правосудството се очајни.
– Реална политичка волја за борба против корупцијата недостасува во државата, смета Снежана Камиловска Трповска од МЦМС.
Новаковски смета дека уште во 2008 година требаа да се донесат измени во изборниот законик, кои се донесоа неколку месеци пред избори, додека Камиловска Трповска на темата додава дека со самото тоа што одредени дела застаруваат, се намалуваат санкциите за дела кои се поврзани со корупција, „се оневозможува соодветна правда пред се за висока корупција“.
Гостин во најновото издание е и Тимоти Морган Вин, Главен извршен директор на „Еуромакс Рисорсис“, кој одговара на прашањето „од кого е изигран и зошто“ во однос на отворањето на рудници во земјава.
– Потрошивме значителен капитал во земјата, над 50 милиони долари за да стигнеме таму каде што сме денеска, вели тој.
Погледнете ја најавата за вечерашното издание на Трилинг: