Граничната полиција на БиХ соопшти дека утринава е покрената опсежна акција за спречување на организираниот шверц на мигранти.
Во акцијата наречена „Пирамида“ во тек се претреси на повеќе локации во Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон, односно на вкупно 16 локации во Бихаќ, Чазин, Бреза, Високо, Сараево, Какањ и Велика Кладуша.
Досега се откриени 14 лица кои се осомничени дека сториле кривично дело „Организирање група или здружение за извршување кривично дело криумчарење мигранти“ или биле дел од меѓународна организирана криминална група и кои во последните шест месеци, се обидел да прошверцува или прокриумчарила повеќе од 600 лица, меѓу кои и над 100 малолетници.
Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила парична корист од повеќе од 6 милиони конвертибилни марки, објави порталот Аваз од Сараево, пренесува Танјуг.