Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу под обвинение за поткуп

Заменик министерот за одбрана на Руската Федерација Тимур Иванов е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација, пренесува „РИА Новости“.

– Под сомнение дека сторил кривично дело од член 6 од член 290 од Кривичниот законик на РФ (примање поткуп), приведен е заменик министерот за одбрана на РФ, Тимур Владимирович Иванов – се наведува на Телеграмскиот канал на одделот.

Поради ова кривично дело министерот може да се соочи со голема парична казна или затворска казна од повеќе од десет години, во зависност од тежината на делото.

Откако почна војната во Украина на 24 февруари 2022 година, повеќе лица од Министерството за одбрана починаа под сомнителни околности.