„Украина ги истражува околностите во врска со инцидентот со беспилотното летало што минатата седмица падна во Загреб и сигурно е дека таа не го лансирала дронот кон Хрватска“. Ова денеска го изјави украинскиот министер за одбрана – Олексеј Резников.
„Јас сум во секојдневен контакт со хрватскиот колега, разговараме за тоа, го истражуваме инцидентот и ве уверувам дека ние не сме тие што го лансираа дронот кон Хрватска. Хрватска е наш пријател и никогаш не би го сториле тоа“ – рече Резников.
Тој потсети дека Украина беше меѓу првите држави што ја признаа Хрватска и меѓу првите кои испраќаше оружје за време на војната во Хрватска. Ја искористи можноста да постави реторичко прашање и по однос безбедносниот систем на НАТО.
„Дронот прелета неколку држави-членки, како не го видовте, зошто не го уништивте, можете ли да го обезбедите сопствениот воздушен простор“ – забележа Резников.