Д-р. Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија вчера јавно го кренаа гласот против самоволието на економската директорка на Клиниката за токсикологија – Бесија Иљази, за која, како што велат не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку да се вработат 18 лица на кои им истекле договорите за дело на 31.12.2023, меѓу кои имало и лица кои немаат соодветно образование за тука.
Беќаровски на неговиот Фејсбук профил објави статус по кај граѓаните се наметнува впечатокот дека тој си заминува од Токсикологија, клиника во која долги години успешно работеше.
„35 години бев најголем борец за здрав ЈАВЕН ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР.
ДОН КИХОТ конечно го напушта оклопот.
Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија.
Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“ напиша тој на Фејсбук.