„Мировните преговори со Украина продолжуваат преку видеоврска, при што двете страни разговараат за воени, политички и хуманитарни прашања“. Ова денеска го соопшти руското МНР.
Рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров изјави дека „сериозно се разговара за неутрален статус на Украина“.
„Постојат апсолутно конкретни формулации кои според мене се блиску до договор“ – рече тој.
Кремљ соопшти дека идејата за создавање демилитаризирана Украина по моделот на Австрија може да се гледа како компромис за крај на војната.