Билјана Ивановска – претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата бара веднаш да престане продажбата на државно земјиште. Таа смета дека најголем проблем во оваа насока е како се прават деталните урбанистички планови, бидејќи тие, како што нагласува, го отсликуваат јавниот интерес кој што општината треба да го спроведе во својот дел.
-Која е целта на државата, да го испродаде цело државно земјиште, дали е тоа целта, и тоа по багателна цена? Ако државата треба да го обезбеди јавниот интерес на граѓаните, не може тоа да го направи преку приватно земјиште. Тоа е едното прашање, второ, извор на корупција е Законот за дивоградби, односно за давање на правен статус на бесправно изградените. Од самото име се гледа каков вид на закон е тоа, значи тој закон треба да се укине веднаш“ – рече Ивановска на тв Телма.
Ивановска смета дека доколку државата сакала да им помогне на сиромашните граѓани тоа можела да го направи на други начини, а оти носењето на овој закон во најголем дел го чекаат некои, како што вели, крупни бизнисмени кои сакаат да си ги легализираат своите дивоградби.