Бојан Јовановски – Боки 13, денеска пред Основниот кривичен суд поднесе барање за повторување на постапката за случајот „Рекет“.
Јовановски кажа дека јавноста треба да дознае каде навистина завршиле парите на Камчев од овој случај. Призна дека имал закани од актуелни политичари кои се на власт.
„Имам закани, не им сеедно на лица кои се засегнати, тие се актуелни политичари и оние кои ја држат власта. Сум имал индиректни и директни закани, и сум го пријавил навремено. Имаше институционален молк во однос на тоа, имаше паушална слика дека јас воглавно зборувам неаргументирано, и зборувам само колку да зборувам, осносно да зборувам што е интересно за медиумите. Јас се што сум го кажувал пред овој Суд било со факти. За нашата земја не важи онаа старата пред фактите и боговите молчат. Јас нема да молчам до целосно расветлување. Она што е најважно дека `Рeкет` не е расчистен, треба да биде расчистен јавноста да знае што се случувало, и дека пред овој Суд е повторно дадено известување од вештото лице професор Орце Симов, вештак по ИТ Технологија, и е вештачен мојот телефон“, изјави Јовановски.
Потоа се осврна и на Зоран Заев, кој кажа дека тој го пријавил случајот, откако Камчев реагирал кај него за овој случај.
„Од тие пораки кои ги видовме дека Зоран Заев знаел за рекет и дека е човек кој го пријавил случајот и го бранел законот. Тој е се, само не човек кој го бранел законот. Тој беше човек од позиција на моќ кој имаше реален авторитет кој можеше да влијае и влијаеше врз многу постапки, тој е човек кој изврши влијание да му биде вратен пасошот на Орце Камчев за предметот за кој бев јас осуден“, изјави Јовановски.
Во изјавата го спомена и Зоран Милевски – Кичеец кој беше дел од „Рекет“, но кој призна вина и доби условна казна.
„Зоран Милевски призна вина и го отвори патот за осудителна пресуда. Да го прашаме Кичеец денес што признал, тој нема да знае што признал. `Рекет` не е јасен случај. За овој случај стоеше политичка констелација и тоа се лица кои и денес имаат позиција на моќ и функција“, дополни Јовановски
Тој рече дека иако е цивилен граѓанин, сепак му се судело за службено дејствие.
Се спореди со Мијалков и Груевски кои биле судени исто така за член 359 од КЗ, но како што рече тие двајца биле судени како службени лица, а тој суден исто за службено дејствие, но како цивилен граѓанин.