Додик: Република Српска не е инает, туку слобода

Претседателот на Република Српска – Милорад Додик синоќа изјави дека „Република Српска не е инает, туку слобода“.

„Таа слобода се прелеа преку устите полни со крв на нашиот слободољубив народ“, вели тој во објава на социјалната мрежа Х.

Додик им порача на сите да бидат сигурни во стабилноста на Република Српска.

„Не сакаме да војуваме и нема. Тоа можете да го слушнете само од оние во Сараево“, вели Додик во објава на социјалната мрежа Х.