Тренчевска: Горди сме на реализираните политики, покажавме како системски се штитат граѓаните и нивните пари
„Сите ние сме горди на нашите политики што ги реалзиравме изминативе години. Покажавме како се работи на создавање општество со еднакви можности за сите, општество со можност за социјална заштита и правда за сите граѓани. Покажавме како се создаваат системски реформи за заштита на граѓаните, затоа што ние ги следиме движечките вредности на социјалдемократијата“ рече коносителката на листата во ИЕ4 од СДСМ, Јована Тренчевска на митингот во Гевгелија.
Таа додаде дека парите во Буџетот се пари на граѓаните и тие разумно и праведно се трошеа за граѓаните и нивниот поквалитетен живот.
„Во 2017 година затекнавме детска заштита со опфат на деца во градинките од само 20%, куп лажни ветувања и сон за брза изградба на 100 градинки од бегалецот во Будимпешта. Од 2017 година до денес, Владата предводена од СДСМ отвори 84 нови градинки и опфатот на деца го зголеми на 48%“ истакна Тренчевска.
Таа додаде дека во 2024 година ќе се отворат 14 нови градинки и презеде обврска до 2028 година, 70 отсто од децата да се вклучени во процесот на предучилишно образование.