Ковачевски: Ние нудиме визија за членство во ЕУ 2030, ВМРО-ДПМНЕ нуди враќање на режимот

На вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски порча дека неговата партија и Коалицијата за европска Македонија се единствена опција со единствен јасен план за интеграција за европска иднина на државата.

„Ние нудиме јасен план и визија како до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Од другата страна се нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту пак волја нешто да направат во тој дел. Тие единствено знаат да се откажат, да ги обвинат граѓаните, да ги обвинат дека тие се криви, да ги раскараат различните етнички заедници, да се раскараат со соседите, да ја заглават државата во изолација и на крај сите да бидат виновни освен тие. Тоа го гледавме 11 години. Затоа, во овие времиња, вашата поддршка е најважна Важен е секој глас што ќе им овозможи на нашите деца да имаат подобра и побезбедна иднина во земја членка на ЕУ“ рече Ковачевски.

Тој кажа дека изборот на овие двојни избори е јасен и ја побара поддршката од граѓаните за претседателските и за парламентарните избори.

„Изборот е кристално јасен. На 8-ми мај одлучувате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање кон темното режимско минато со ВМРО-ПМНЕ. Ние во СДСМ и нашиот претседателски кандидат Стево Пендаровски имаме прогресивни идеи и јасна визија за европска иднина на државата. Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ ќе го одолговлекуваат европскиот пат“ порача Ковачевски.