Официјално – „Промените продолжуваат“ е победник на парламентарните избори во Бугарија
Коалицијата „Промените продолжуваат“ предводена од двајцата поранешни министри во преодната бугарска Влада, Кирил Петков и Асен Василев е победникот на предвремените парламентарни избори, покажа официјалните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК) по обработени 100% од изборните протоколи.
За „ПП“ гласале 25,67 отсто од гласачите, ГЕРБ е втора со 22,74 отсто, а ДПС доби 13,00 отсто, додека БСП останува четврта со 10,21 отсто од гласовите.
„Има таков народ“ е на петтото место со 9,52 отсто од гласовите, а во 47. Народно собрание влегуваат уште две партии – „Демократска Бугарија“ со 6,37 отсто и „Преродба“ со 4,86 отсто од гласовите.
На претседателските избори прв по првиот круг од гласањето со 49,41 отсто од гласовите е Румен Радев.
Анастас Герџиков и Невјана Митева, поддржани од ГЕРБ-ДПС се на второ место со 22,82 отсто од гласовите.
Вториот круг од претседателските избори е в недела на 21. ноември.