Од МВР не утврдиле кражба на струја во ГТЦ во Скопје

Од МВР не утврдиле кражба на електрична енергија во ГТЦ во Скопје и не постојат елементи за сторено кривично дело, бидејќи копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во Кривичниот законик. Ова е информацијата која ја испратија од македонската полиција.

Се посочува дека денеска околу 15 часот било пријавено дека во магацините на ГТЦ имало поставено машини за копање крипто валути односно дека заради наводна интернет трговија со крипто валути, извесни лица извршиле кражба на електрична енергија.

-Полициски службеници веднаш излегоа на  лице место согласно пријавата, извршија разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдија дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик“ – стои во соопштението од МВР.

„Копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во Кривичниот законик на РСМ“ посочуваат од полицијата.