Бајден е против одделни пакети помош за Украина и Израел
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е против потенцијалниот предлог на републиканците во Претставничкиот дом да им дадат помош на Израел и Украина во два различни пакета.
– Ние не поддржуваме предлог-закон кој го финансира само Израел, бидејќи на Украина и треба муниција, наведе Кирби.
Тој додаде дека претседателот на Претставничкиот дом, Мајкл Џонсон ја добил пораката на администрацијата и престанал да се обидува да ги одвојува пакетите за помош за двете држави.