На Косово откриени 36 тони месо со истечен рок
Полицијата на Косово уапси две лица и заплени 36.180 килограми месо со истечен рок во месноста Захаќ, во градот Пеќ.
Според соопштението, се работи за телешко, пилешко месо и риба по потекло од Бразил, Италија и Полска.
Месото е конфискувано и ќе биде уништено.
За случајот се уапсени лицата А.Х., менаџер на 5 деловни единици и А.А., заменик директор на депото за отпадоци.
Тие се сомничат за кривичното дело „производство и пуштање во промет на штетни прехрамбени производи“.
На А.Х. му е одреден 48-часовен притвор, додека А.А. ќе се брани од слобода.