Левица Аеродром: Тревниците неискосени, Општината претворена во змијарник, а Тимчо го нема!

Ова е веќе трета огромна змија на територијата на општина Аеродром за која жителите сведочат. Тревниците во парковите сѐ уште се неискосени, општината е претворена во змијарник, а Тимчо и ДПМНЕ си тераат кампања безгрижно, соопштија од Левица Аеродром.
„Катастрофата за општина Аеродром со име Тимчо поради негрижата ги става во опасност животите на децата на жителите на Аеродром. Веќе трета година од неговиот мандат се повторуваат истите грешки и негрижа за зелените површини во урбаниот дел од општината, при што општината е претворена во змијарник, а огромна змии почнаа да никнуваат како печурки.
Апелираме идниот министер за надворешни во најава Тимчо Муцунски да се свести и да почне да се грижи за општината барем во последните неколку месеци од неговиот нецелосен мандат.
Полош градоначалник нашата општина нема видено до сега за жал. Се надеваме дека жителите конечно ќе се свестат и на наредните избори ќе ги казнат двете узурпаторски и криминални партии ДПМНЕ и СДС и ќе изберат градоначалник кој навистина си ја сака општината и е спремен да се грижи за сите жители на О. Аеродром“, додаваат оттаму.