„Денот на црвот“ – роман на годината за 2021. година
„Денот на црвот“ од Симона Јовановска е добитник на наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“.
Романот е издаден во 2021 година од „Или-или“, во едицијата на „ПроАза“.
Авторката Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар, а „Денот на црвот“ е нејзин прв роман.
За наградата „Роман на годината“ во најтесниот круг оваа година влегоа четири романи. Покеај „Денот на црвот“ беа и „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер).
Оваа година за наградата се натпреваруваа 39 романи.
За победничкиот роман одлучуваше жири-комисијата во состав Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева
Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.