Ѓоковиќ ја започна 421-та недела како прв на АТП листата

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 421-та недела како прв на АТП листата и продолжи да поставува стандарди во белиот спорт. На турнирот во Монте Карло беше елиминиран во полуфиналето од Каспер Руд, а освои 310 поени, па сега има 10.035.

Во полуфиналето стигна и најблискиот сопатник на Ѓоковиќ, Јаник Синер, кој заработи дополнителни 40 поени, разликата меѓу нив останува значителна, бидејќи Италијанецот има 8.750 поени, што е за 1.285 помалку од српскиот ас. Тоа значи дека Новак сигурно ќе остане на првото место до 20 мај, ден по завршувањето на Мастерсот во Рим.

Победникот на турнирот во Кнежевството, Стефанос Циципас, се врати во Топ 10 бидејќи напредуваше пет позиции и сега е на седмото место со 3.995 поени, што е за 820 поени повеќе.

Финалистот од Монте Карло – Каспер Руд сега е на шестото место и има освоено 560 поени и сега има 4.025.

Шпанецот Карлос Алкараз моментално е сигурен на третата позиција, како и Даниил Медведев на четвртото место.