Екипата на Баер Леверкузен и официјално е нов шампион на Германија, титула која ја потврди со „петарда“ во соочувањето со Вердер Бремен (5-0).
„Фармацевтите“ долго време чекаа на првата титула во Бундеслигата, петпати беа вицешампони, односно немаа сила да го направат тој последен чекор се до оваа сезона во која под водство на Чаби Алонсо доминираат во шампионатот и потврда за тоа се 25 победи во 29 натпревари и притоа не е забележан ниту еден пораз со гол разлика 74:19.
— Follow @MMajeedX (@mmtv20092) April 14, 2024
Клубот од „Бај Арена“ го обезбеди пехарот на пет кола до крајот. Денешниот триумф го одбележија Бонифејс, Џака, и Вирц кој испорача хет-трик.
Сега Леверкузен може да се фокусира на Лига Европа, а тука е и финалето на Купот во кое прволигашот ќе биде фаворит против Кајзерслаутерн.