Зеленски: Акциите на Иран се закана за целиот регион и за светот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, осудувајќи го иранскиот напад врз Израел, истакна дека иранските акции се закана за целиот регион и за светот.

Зеленски на платформата Х повика на напори за да се спречи понатамошна ескалација на блискоисточниот конфликт, објави Ројтерс.

– Акциите на Иран го загрозуваат целиот регион и светот, исто како што акциите на Русија се закануваат да предизвикаат поголем конфликт, а очигледната соработка меѓу двата режими во ширењето на теророт мора да наиде на решителен и обединет одговор од светот – напиша Зеленски.

Тој изјави дека неговиот народ го разбира „ужасот“ на иранските беспилотни летала, кои исто така ги користеше Русија во нападот врз Украина, објави „Тајмс оф Израел“.

– Звукот на беспилотните летала `Шахед`, алатка на теророт, е ист на небото над Блискиот Исток и Европа. Овој звук мора да послужи како повик за будење до слободниот свет, покажувајќи дека само нашето единство и одлучност можат да спасат животи и да го спречиме ширењето на теророт низ светот – нагласи Зеленски.