Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прашањето на српски „Новости“ одговори кои земји се најважни за Србија кога е во прашање гласањето на резолуцијата за Сребреница и против чиј глас може да сметаат.
Вели дека разговарал со амбасадори, а испратени се пораки до големите центри – Пекинг и Москва.
– Ќе разговарам со многу претседатели на различни континенти. Одам и во Њујорк каде на 23 и 24 ќе имам многу средби и брифинзи со пријателските земји. Не можам да ги наречам само пријателски земји, од денес ги нарекувам земји партнери. Тоа е убав еуфемизам кој не значи ништо. Ќе имаме партнери и пријатели во светот и во регионот и така ќе се однесуваме – рече Вучиќ.