(Видео) Скандал во НБА: Натпреварот траеше подолго, судиите направија грешка – никој не забележа

Натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис кој се одигра вечерта меѓу петокот и саботата траеше 66 секунди подолго од планираното.

Лејкерси победија против Мемфис 123:120, а големиот скандал во НБА се случи во текот на третата четвртина.

Временскиот часовник беше ресетиран на 2:20 со 1:14 до крајот на периодот, што никој не го забележа.

Големата судиска грешка доведе до тоа Лејкерс и Гризлис да одиграат дополнителна минута поради грешка при ресетирање на часовникот.

Ниту Тимовите, ниту судиите, операторот и статистичарите – никој од нив не ја забележал неправилноста, објави НБА.

Најдобар кај Лејкерси беше Леброн Џејмс со 37 поени, а го следеше Дејвис со 36.