(Видео) Два гола на Суарез и еден на Меси за гостински триумф на Интер Мајами

Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Спортинг Канзас Сити (2-3) во својот деветти натпревар сезонава во МЛС-лигата.

Кога во составот на тимот од Флорида се наоѓа Лионел Меси, тогаш е јасно дека противничкиот тим нема многу простор за маневрирање.

И покрај двата гола на Томи, Канзас не можеше да им парира на ѕвездите на Интер, кои благодарение на аргентинскиот диригент го остварија четвртиот триумф сезонава, кој, пак, им ја донесе лидерската позиција во Источната конференција.

Меси имаше феноменална асистенција за Луис Суарез, а потоа и самиот постигна одличен гол од далечина за водство на Интер од 2-1 во 51. минута.

Откако Томи израмни во 58-та, се беше решено во 71. минута со уште еден гол на Луис Суарез. Катастрофална реакција на одбраната на Спортинг и на голманот Мелија, кој целосно го загуби чувството за простор.

Меси оваа сезона одигра пет натпревари и забележа по пет гола и асистенции.