Европската унија остро го осудува неприфатливиот ирански напад врз Израел, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пренесува Танјуг.
„Ова е ескалација без преседан и сериозна закана за регионалната стабилност“, рече Борел на платформата Х.
Иран синоќа лансираше стотици беспилотни летала и крстаречки ракети кон Израел како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицерите кои ги придружувале.