Според организацијата на Репортери без граници, Македонија има постигнато извонреден резултат, рангирана е на 38 место во светот во Индексот за слобода на медиумите за 2023 година.
Вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи на својата ФБ страна пишува дека, откако СДСМ ја има преземено владата од 2017 година, Македонија е искачена за 80 места на глобалното рангирање.
„Ова достигнување ја одразува нашата посветеност на транспарентност, отчетност и демократски вредности.Да продолжиме да ја браниме слободата на печатот,и да ги чуваме овие вредности заедно!, порачува Битиќи.