Македонски Концепт: СДС и ДУИ ја претворија Македонија во рај за криминалци и коруптивни елити

Политичката партија Македонски Концепт не е изненадена од извештајот на Фридом Хаус кој наведува дека Македонија е „цикличен хибрид“ заедно со Црна Гора во однос на правото и борбата со корупција.

Транзициски, „цикличен хибрид“ е систем во кој смената на власта и елитите оневозможува да се донесат клучни структурни промени, односно реформи.

Македонски Концепт одговорно тврди дека ваквата траекторија кои ја поставија шовинистичките елити од ДУИ и радосните слуги од СДС ја водат државата до дестабилизација и ризик од целосна изолација од Европската Унија и Западот.

Поданичките политики, надграѓанското (шовинистичко) поведение на 40-те разбојници од ДУИ на чело со Али Ахмети и Артан Груби, заедно со радосните корумпирани измеќари од СДС предводени од Димитар Ковачевски целосно ја исфрлија Македонија надвор од патот кон Европската Унија и не носат кон тотална изолација и ризик од дестабилизација.

Ваквото поведение мора веднаш да запре и ваквите штетни и сегрегирачки кругови на криминалци да бидат одстранети од јавните функции и да одговараат пред законот за криминалот и корупцијата кои ги сеат со години.