ВМРО-ДПМНЕ: Ако Пендаровски сака да дебатира со Мицкоски, нека стане претседател на СДС по поразот на 8. мај

„Пендаровски ако сака да дебатира со претседателот Мицкоски нека стане претседател на СДС по поразот на 8-ми мај, а до тогаш да и се извини на Силјановска за навредите“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат „Стево Пендаровски очигледно му врза свилен гајтан на Димитар Ковачевски и уште од сега си ја најавува амбицијата за иден претседател на СДС од опозиција. А до 8-ми мај, Пендаровски има доволно време да собере грам доблест и да се извини за сите навреди кон Гордана Силјановска Давкова“.

„Изливите на мизогинија и навредите на Пендаровски само покажуваат дека тој ниту е демократ, ниту е созреан за функцијата претседател. Жално е што човек како Пендаровски беше претседател на Македонија“ се вели во партиското соопштение.