Ким Џонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на неговиот престој на воениот универзитет именуван по неговиот татко изјави дека поради нестабилната геополитичка ситуација околу земјата, време е таа да биде подготвена за војна повеќе од кога било досега.

Во последните неколку години, Северна Кореја го подигна нивото на вооруженост и воспостави блиски воени и политички врски со Русија.

Наводно и помага на најголемата земја во светот во војната против Украина, а за возврат добива помош од стратешки воени проекти.

Северна Кореја ја обвинува соседна Јужна Кореја, како и Соединетите Американски Држави, за провоцирање и кревање воени тензии, имајќи предвид дека двете земји во последните месеци спроведоа неколку заеднички воени вежби со висок интензитет.