Пјер Закржевски – снимател на „Фокс Њуз“ загина во Украина, откако било погодено со рафален оган возилото во кое патувал, објави американската мрежа, на својата веб-страница.
Закрзевски известуваше со друг новинар на „Фокс њуз“ – Бенџамин Хол, кога вчера беа нападнати во близина на главниот град Киев.
Хол е повреден и засега останува во болница.
Претходно, украинските власти објавија дека најмалку тројца новинари се убиени, а повеќе од 30 се повредени од почетокот на руската инвазија на Украина.
Покрај американскиот новинар Брент Рено, руски војници убиле и двајца украински новинари, објави во вторникот на „Телеграм“ украинската омбудсманка – Људмила Денисова.