„Не знам како ќе го погребам син ми, немам пари“ – мајката на убиецот на малата Данка остана сама

Погребот на починатиот Далибор Драгијевиќ треба да биде утре, но во интервју за „Курир“ неговата мајка ги откри деталите за тоа што моментно се случува во нејзиниот дом.

– Нема кој да ми помогне, ниту знам кога ќе го закопаат мојот син, ниту дали утре ќе ги донесат Дејан и Раде. Немам пари, а нема кој да ми помогне, чекам да ме извести полицијата – изјави Светлана.

Таа потоа го додаде следново:

– Соседите во последно време не разговараат многу со мене, не можам да очекувам некој да ми помогне, а јас сум болна, нема ден да не дојде итната помош на врата, а полицијата да не пушти да излезам, тука се, ископаа се во дворот и оставија, сега го бараат и останатото“ вели таа.

Помладиот од двајцата браќа – Далибор (41) почина ноќта меѓу сабота и недела, околу три часот по полноќ, во просториите на ПУ Бор каде што е приведен бидејќи му помагал на својот постар брат, првоосомничениот за убиството, да го сокрие телото на малата Данка Илиќ (2).

Полицијата и денеска беше пред куќата на Драгијевиќ, каде живее мајката Светлана, во селото Злот, каде собираше повеќе докази за тешкото убиство на девојчето кое ја вознемири и ја шокираше Србија.

Денеска е седми ден од апсењето на осомничените за бруталното убиство на Данка Илиќ, а нејзиното тело се уште не е пронајдено.

Припадниците на Одделот за криминалистичка полиција на Белград и Бор со сите сили работат на лице место.