Властите во Руската Федерација денеска соопштија дека ги ставиле американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Антони Блинкен и други високи функционери на „стоп-листата“ што им забранува влез во земјата.
На таа листа со 13 лица се нашле и имињата на секретарот за одбрана – Лојд Остин, шефот на ЦИА – Вилијам Барнс, советникот за национална безбедност – Џејк Саливан и други.
На овие Американци им е забранет влез во Русија како одговор на санкциите воведени од Вашингтон кон руските официјални лица.
На листата е и поранешната државна секретарка – Хилари Клинтон.