Ѓоковиќ: Морам да играм уште најмалку две години, сакам уште трофеи

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, изјави дека би сакал да игра на највисоко ниво уште најмалку две години.

Србинот е убедливо прв на АТП листата и наскоро ќе заигра на турнирот во Монте Карло, а потоа и на Ролан Гарос.

„Би сакал да играм уште две години на највисоко ниво. Би било феноменално да заминам во пензија како првопласиран на АТП листата. Многумина се надеваат дека наскоро ќе престанам со активното играње, но не се откажувам и ќе се обидам да освојам уште некој трофеј“ – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот ас е веќе 420 недели на врвот во светскиот тенис, а најблиски конкуренти во моментов му се Јаник Синер од Италија и шпанецот Карлос Алкараз.