Повторно, денеска по третпат, на летот Белград-Москва е пријавена експлозивна направа. Полициските екипи излегле на терен поради дојава за бомбата во авионот на „Ер Србија“ на летот Белград-Москва, потврдиле за „РТС“ од српското МВР.
Дојавата за наводната експлозивна направа во авионот на „Ер Србија“ на летот за главниот град на Русија пристигнала по е-меил од електронската адреса во Украина, пред тој да полета, односно додека се уште бил на пистата.
Претходно, авион на „Ер Србија“ на летот за Москва вчера се врати во Белград поради дојава за бомба и слета на аеродромот „Никола Тесла“, а припадниците на МВР безбедно ги евакуираа сите патници и членови на екипажот од авионот. Во авионот тогаш имало 125 патници и пет членови на екипажот, а извештајот за бомбата бил испратен по електронска пошта.
Дојава за експлозивна направа првпат беше пријавена во петокот, но тогаш беше утврдено дека пријавата е лажна.