Приведени се тројца градежни работници, за време на пожарот биле во Универзалната сала

Три лица се приведени во врска со пожарот што утринава избувна во Универзалната сала во Скопје, информираат од МВР. Се работи за тројца градежни работници кои во моментот на пожарот извршувале работни задачи во објектот на Универзалната сала.

„Во врска со пожарот, во полициска станица од општа надлежност `Центар` се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53)“ – велат од МВР.

Оттаму појаснуваат дека се работи за редовна процедура и дека градежните работници се повикани на распит во полициската станица.

Дополнуваат дека Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје презема мерки за расчистување на случајот.