Градоначалникот на Киев – Витали Кличко прогласи 35-часовен полициски час во градот, почнувајќи од вечерва, откако Русите ги засилија бомбардирањата.
„Ќе биде забрането да се движи низ градот без специјална дозвола, освен за одење во скривница. Киев е срцето на Украина и ќе биде одбранет. Нема да го предадеме Киев. Ова е тежок и опасен момент за градот и затоа барам од жителите да бидат подготвени да останат дома два дена, односно во скривниците ако се огласат сирените“ – изјави Кличко.
Во Киев втор ден по ред гореа висококатници откако беа погодени во руските воздушни напади. Кличко кажа дека во денешното ракетирање загинале четири лица.
„Спасувачите се’ уште го гаснат пламенот“ – изјави тој.
„Забрането е движење низ градот без посебна дозвола, освен одење во засолништа“ – рече Кличко.
Градот во текот на ноќта беше изложен на гранатирање на надворешните области, а станбени згради беа погодени од проектили.